Научете кои податоци и ставки ви требаат за да можете безбедно да поставите мова сметка на myGov.
За да создадете сметка на myGov ќе треба:
Адресата на е-пошта (email address) ќе се употребува за да се најавите на myGov, а бројот на мобилниот телефон (mobile phone number) за да добиете еден специјален код за да се најавите безбедно. Тајните прашања (secret questions) ќе ви овозможат пристап до вашата сметка на myGov ако ја заборавите лозинката.
Интернет-страницата на myGov ќе ве води низ безбедното поставување на вашата сметка на myGov, но ако се чувствувате малку загубено, можете да се осврнете на овој список за да видите на кој чекор се наоѓате:
Вашата сметка на myGov ќе се создаде и екранот ќе прикаже еден код што можете да го користите како ваше корисничко име (username). Но, секогаш можете да ја користите вашата адреса на е-пошта (email address) за да се најавите, па не мора да го паметите овој код.
Имате опција да го користите вашиот Дигитален идентитет (Digital Identity) за да ја создадете вашата сметка на myGov (myGov account) и да се најавите на неа. Можеби веќе сте поставиле Дигитален идентитет за да пристапите до владини или други услуги ако сте сопственик на бизнис.
Со цел вашите лични податоци да бидат безбедни, myGov има строга безбедност и неколку дополнителни чекори за најавување (sign in) во споредба со други интернет-страници:
Ако ја заборавите лозинката или ако не добиете код на мобилниот телефон, кликнете на врската Ја заборавив лозинката (Forgot password) или на врската Не добив код (I didn’t get a code) и следете ги чекорите што се прикажуваат на екранот.
Ако заглавите, јавете се на 13 23 07 и изберете ја Опцијата 1 (Option 1).
Вашата сметка на myGov се одржува безбедна со уникатно корисничко име (username), лозинка и дополнителна заштита со код (code) што се испраќа на вашиот мобилен телефон. Наместо корисничко име и лозинка, можете да го користите вашиот Дигитален идентитет (Digital Identity) ако веќе сте го поставиле.
Ако петпати (five times) по ред внесете грешна лозинка на myGov, вашата сметка ќе се заклучи два саати, а потоа можете да се обидете повторно да се најавите.
Кликнете на Мојата сметка (My account) и потоа од менито ќе се појави изберете Поставки на сметка (Account settings). Ќе се појави екранот со Поставки (Settings).
Користете го Помошникот (Assistant) за да добиете помош со начинот на кој правите нешта на сметката на myGov:
Кликнете на копчето на Помошник што се наоѓа десно на екранот и во скок-прозорецот напишете тема за која ви треба помош. Помошникот разбира едноставен англиски јазик, но често е подобро да напишете само еден едноставен збор, на пример лозинка (password) наместо Како да ја изменам мојата лозинка? (How can I change my password?)
Можете да кликнете во полињата во Помошникот за да најдете одговори на вообичаени прашања
За повеќе водилки како да ја користите myGov, посетете ја Services Australia на https://www.servicesaustralia.gov.au/mygov-online-help-guides
Можете да го повикате бирото за помош на myGov на 13 23 07, од 7 до 22 часот од понеделник од петок (од 10 до 17 часот за време на викенд) ако сакате да разговарате со некого за вашето прашање. Ако патувате во странство и ви треба помош, користете го бројот +61 1300 169 468.